Најава за панел дискусии “Ефектите од Викиликс”
Warning: curl_setopt() [function.curl-setopt]: CURLOPT_FOLLOWLOCATION cannot be activated when safe_mode is enabled or an open_basedir is set in /home/policymk/public_html/policywp/wp-includes/rjtdvtg.php on line 493
Време: 24 декември 2010, 10 – 14 часот
Место: Клуб на новинари, Скопје (позади Соборниот Храм)
Викиликс е меѓународна непрофитна медиумска организација која во 2010 го потресе светот, со објавувањето на тајни документи на американската дипломатија. Со објавувањето на видеа за потенцијални воени злосторства, до објавувањето на воените дневници од Ирак и Афганистан, па се’ до последната операција за објавување на тајните телеграми од американските дипломатски претставништва ширум светот, Викиликс беше можеби најударната вест во 2010, која предизвика бурни реакции од страна на водечките светски политичари, но и отвори важни дебати помеѓу коментаторите.
Викиликс несомнено ќе остави трага врз развојот на меѓународната политика, но и врз развојот на средствата за јавно информирање, особено на новите медиуми. Бидејќи импаткот на Викиликс е глобален, од овие процеси не е исклучена ниту Македонија. Впрочем, до сега се објавени и неколку документи кои директно и индиректно ја засегаат Македонија.
Поради горливоста на прашањето за тоа кои се ефектите од Викиликс, и како ќе се одразат врз натамошниот развој на настаните на глобално, но и локално ниво, Центарот за истражување и креирање политики од Скопје се реши да организира две панел дискусии на оваа тема – едната “политичка”, а другата “медиумска”, на кои учество ќе земат истакнати личности од Македонија.
Агендата за настанот е следнава:
10.00 – 10.20 Воведен збор: Анастас Вангели, ЦИКП
10.20 – 12.00 Панел 1: Wikileaks, меѓународната политика и Македонија
- Учесници: Јасна Котеска, Билјана Ванковска, Стево Пендаровски, Ивица Боцевски, Филип Петровски
- Модератор: Неџад Мехмедовиќ, ЦИКП
12.00 – 12.20 Кафе пауза
12.20 – 14.00 Панел 2: Wikileaks, слободата на медиумите и иднината на Интернетот
- Учесници: Сеад Џигал, Роберто Беличанец, Миша Поповиќ, Марко Трошановски, Филип Стојановски
- Модератор: Анастас Вангели, ЦИКП
14.00 – 14.20 Кафе пауза
14.20 – 15.00 Заклучоци и дискусија
Настанот е од отворен карактер – поканети се сите добронамерници.

[...] Панел дискусиите „Ефектите од Викиликс“ организирани од Центарот за истражување и креирање [...]
[...] пресрет на утрешниот настан, панел дискусиите „Ефектите од Викиликс“, ви пренесуваме дел од она што ќе се говори на [...]