Наставникот помеѓу програмите и компетенциите: Алката која недостасува

Добивме нови наствни програми по математика и природни науки, скроени по мерка на Кембриџ. Според напишаното, тие треба да развијат способности за истражување и решавање проблеми кај учениците. И претходните програми имаа слични цели,  и воопшто не беа лоши на хартија. Кај нас обично работите заглавуваат кога од хартија треба да се пренесат во пракса.

Но во изминативе 20 години доста се работеше и на праксата на наставниците. Можам да се сетам на барем седум проекти кои се спроведувале во Македонија (некои сеуште се во тек) чија цел била промена во начините на учење и размислување на учениците преку промена на наставните методи. Најголем дел од нив започнаа со поддршка од странски експерти, но постепено создадоа и домашни експерти, од кои голем дел се практичари кои добро знаат што успева во нашиот систем и како да се имплементира. За жал, сите иницијативи останаа на ниво на пилот проекти и недоволно се вклучија како составен дел од образовните политики, и постепено стекнатите вештини се изгубија од секојдневната пракса на наставниците.

Евалуациите покажуваат дека по првичниот ентузијазам од страна на училишниот кадар, по завршување на пректот најголем дел се враќаат на старите практики бидејќи промената не е лесен и праволиниски процес. Конечно, старите практики  сосем одговараат на она што системот го бара од нив. Затоа, и покрај сите обуки и прирачници и промени на наставни програми, резултатите на учениците на меѓународните тестирања се сé послаби. Каде е проблемот?

Верувам дека секој во државава сака подобар образовен систем, вклучително и Владата. Но жал ми е што смета дека решенијата можат да се „увезат“ од странство и наеднаш магично да почнат да функционираат. Многу истражувања укажуваат дека најзначајниот фактор за напредок на учениците е наставникот, т.е. неговите наставни вештини и однесување. Влијанието на наставникот е позначајно од влијанието на семејството, училиштето (начин на менаџирање и сл.), наставните програми, учебниците и сл. Значи, главната инвестиција треба да биде во создавањето квалитетен наставен кадар, а тоа е процес кој не се постигнува преку еднодневна обука за користење на новите програми.

Но, се додека факултетите за наставници се на дното во поглед на леснотијата со која се завршуваат и се додека политичките критериуми за прием на наставници натежнуваат во споредба со стручните критериуми, професијата – наставник нема да го добие заслуженото признание. Се додека главен интерес ни е колку наставниците објективно оценуваат, а не колку квалитетно го водат наставниот процес и какви компетенции стекнуваат учениците, не можеме да очекуваме реална промена во знаењата и вештините кај учениците.

Сепак, да не бидам скептик до крај. Ги поздравувам напорите за промена и се надевам дека ќе имаат ефекти, бидејќи овој пат се иницирани од страна на системот, а не „наметнати“ од страна на странски донатори. Се надевам и дека после првичните обуки ќе се обезбеди дополнителна поддршка на наставниците и училиштата за примена на програмите, ќе се развијат домашни материјали како дополнение на понудените странски, но и дека нема да се заборават материјалите кои се развиле во текот на изминатите години. Конечно, се надевам дека на наставниците ќе им се овозможи флексибилност и креативност во реализацијата на програмите, бидејќи тоа се компетенции кои сакаме да ги развиеме кај учениците, а наствниците се еден од најважните модели.

Автор: Ана Мицковска-Ралева (CRPM)

 

 

Fostering good governance in the city of Skopje. Increasing responsiveness in public parking

The CRPM team has delivered a workshop on good governance in the public parking company in Skopje with special focus on developing responsiveness practices. The training program included:
  • Introduction to the institutional and legal framework for corporate social responsibility, and customer care
  • The communication models, information sharing mechanisms and the response schemes to citizens requests, claims and complaints
  • The quality of information provided in response to citizens requests, claims and complaints (precise, clear and prompt responses)
  • The professionalism and ethics of the service
  • The citizens satisfaction from the responsiveness of public services
The training was held from 26-27th April 2012 in Ramada Plaza in Gevgelija. The training featured lectures from Marijana Velkova Lonchar and Marija Risteska together with Jeton Kransiqi and Ana Mickovska Raleva. The training resulted with design of a strategy and an action plan for increasing responsiveness practices in public parking companies.
The project is funded by the Swiss Development Cooperation
 

Fostering good governance in the city of Skopje. Increasing participation in kindergartens

The CRPM team has delivered a workshop on good governance of child care services with a special focus on amplifying participation of parents in delivery of services in kindergartens from the municipality of Aerodrom . The training program included:
  • The basics of citizens participation
  • Importance and models of parents’ participation in the delivery of childcare services
  • Presentation of findings from the field survey with parents and SWOT analysis based on the findings
  • Preparing instruments for fostering participation of parents
The training was held from 23-24th April 2012 in Ramada Plaza in Gevgelija. The training featured lectures from Besim Nebiu and Ana Mickovska Raleva together with Marija Risteska and Jeton Krasniqi. The training resulted with design of several instruments for fostering communication with parents: brochures, questionnaires and an action plan for activities in which parents can take part.
 

Fostering good governance in the city of Skopje. Increasing efficiency in public transport

The CRPM team has delivered a workshop on good governance of public transport company in Skopje with special focus on boosting efficiency in the operation of JSP Skopje. The training program included:
  • Introduction to making of process based public transport efficiency strategy
  • Increasing efficiency at the beginning of the trip
  • Increasing efficiency in transit between stations
  • Increasing efficiency at the end of the trip
The training was held from 24-25th April 2012 in Ramada Plaza in Gevgelija. The training featured lectures from Andrej Pulejkov and Marija Risteska together with Jeton Kransiqi and Ana Mickovska Raleva. The training resulted with design of an action plan for increasing efficiency in public transport.
The project is funded by the Swiss Development Cooperation
 

Направи чекор-биди креативен!

Од пред некое време ги забележав последните рекламни спотови од кампањата на Владата за претприемништво, на кои се прикажуваат приказни на различни претприемачи кои со силата на ‘добрата идеја’ успеале да направат одличен бизнис и богатство. Некои од нив се: основачот на Амазон он-лајн книжарницата, изумителите на спојувалката за хартија, на ‘фризби-то’ и други.  Помислувам, секоја чест за луѓево, како се сетиле на некои работи пред сите други и како верувале во својот изум. Си викам, ајде и мене нешто да ми текне генијално и оригинално. Па почнав да шетам низ соба како  Балтазар во цртаниот филм, со надеж дека овој метод ќе ме донесе до оригинален изум, ама – ништо.

„Сеуште дивергентното мислење се занемарува, критичкото мислење се осудува, наставникот и учебникот сеуште ‘господарат’ со информациите а интернетот се користи како извор за потврдување на истите. Нема посебни програми за талентираните и надарените ученици со кои би се негувал нивниот потенцијал. “

Па си го вратив филмот назад во времето кога бев ученичка во основно училиште. Секогаш не ‘учеа’ дека секоја задача или прашање имаат еден точен одговор, дека треба да се јавиш да одговараш само ако си сигурен дека го знаеш тој одговор. Ако не – седи и молчи за да не ‘тропнеш’ некоја глупост. Затоа, секогаш кога пишував домашна задача, а мајка ми се обидуваше да ме насочи да додадам нешто повеќе од традиционалниот ‘точен одговор’ и кога татко ми се обидуваше да ми покаже како можам да ја решам задачата преку друг метод од оној кој ни го покажале на училиште, веднаш се бунев: ‘Не, не смеам така, ќе се налути наставничката’. И навистина чувствував страв дека ако покажам креативност и неконвенционално размислување ќе бидам не само неразбрана, туку и критикувана.

Карактеристиките на ‘добар ученик’ и начинот на размислување кој се очекува и толерира од истиот не се сменија ни во средното училиште, ниту пак на факултет. Секогаш се бараше да го знаеме единствениот точен одговор, а креативноста (ако нешто од неа останало) можеше да се искаже само по предметите ликовно и макдедонски јазик и литература, иако и таму знаеја да ‘паднат’ критики ако не си го погодил она што наставникот/професорот си го замислил.

Да се вратам на првичната мисла – како да очекуваме да добијам генијална идеја ако моите обиди за креативно, т.е. дивергентно размислување постојано биле потиснувани во текот на формалното образование. Тој период не беше толку одамна, а одтогаш начинот на работа во нашите училишта не е многу променет, и покрај сите обуки кои наставниците ги поминаа изминативе години. Сеуште дивергентното мислење се занемарува, критичкото мислење се осудува, наставникот и учебникот сеуште ‘господарат’ со информациите а интернетот се користи како извор за потврдување на истите. Нема посебни програми за талентираните и надарените ученици со кои би се негувал нивниот потенцијал. На универзитетите критичкото мислење уште повеќе се задушува со тестовите со повеќечлен одговор и есеите кои најчесто се прават по принципот ‘copy-paste’. Read the rest of this entry »

 

Video from the conference Achieving social and economic sustainability through energy efficiency on central and local level

 

 

Call for papers: “EU Enlargement – Challenges, Benefits, Opportunities”

The Center for Research and Policy Making (CRPM) from Skopje, in partnership with the Centre for European Studies and the Konrad Adenauer Stiftung office in Skopje will publish series of timely, well-targeted policy briefs addressing key challenges and opportunities of the future of fyr Macedonia’s EU accession. For that purpose we are announcing the following:

 

CALL FOR PAPERS

On the following topics:

(deadline extended by 11 of April)

1. Trade, investment and single market in goods and services

•    The impact of trade on both EU27 and accession countries – e.g. impact on employment levels (“local jobs”) and GDP for EU exporters/importers andMacedonia

•    Short-term vs medium-term impact on GDP and other indicators in EU and accession countries, e.g. “tax burden”

•    Harmonization of product standards and product safety

•    Terms of trade – non-tariff vs tariff barriers, equal access to markets vs protectionism (“fear of cheaper imports”), including common agricultural policy

•    Overall impact of widening EU market (‘soft power’ of EU standards in food safety, product labeling, etc.)

 

2. Mobility: tourism, travel, migration

•    Impact on tourism revenue for both EU27 countries andMacedonia

•    Student exchanges – raising educational standards and mutual understanding (economic impact, raising professional standards in public and private sectors)

•    Visa-free relations, impact of the new EU visa policy onMacedonia, ease of cross-border travel (“fear of organized crime”)

•    Prospects for internal affairs reform inMacedoniain those sectors which have international links, e.g. border management, combating corruption and organized crime.

•    Trends in asylum-seeking/refugees after waves of EU enlargement and impact on public opinion of labor migration and asylum-seekers

•    Minority rights in EU andMacedonia, and trends in anti-immigrant public opinion/political parties in EU

•    Impact of remittances on economic development ofMacedonia”taking money out of EU economies vs taking responsibility for economic development at home”)

 

3. Gender awareness

•    Analysis of women’s rights, in particular access to education and health care and scope for EU advice in increasing girls’ equal participation

•    Potential, e.g. through training, for greater women’s participation in professional life – both national and local government, private sector, senior management in Macedonia

•    Awareness about understanding of different countries’ efforts/lack of efforts to improve equality of access and participation, and scope for, and limits of, EU ‘soft power’ influence

 

4. Good governance and democratic reform

•    The EU role in promotion of good governance inMacedoniaand measures of progress on “good governance”, in particular public administration reform, judicial reform, capacity of law enforcement etc.

•    Implications for EU support and ‘soft power’ in democratization reforms in candidate/post-candidate countries

 

5. EU financial instruments towards candidate countries – past, present, future

•    Study of impact of different EU mechanisms and agreements – ENPI, IPA, EIDHR, SAAs, EPA

•    Lessons for review/refinement in terms of civil society support (“what is there to show for EU funding through taxpayers’ money?”)

•    Lessons for review/refinement in terms of professionalizing public administration and strengthening good governance

•    Scope for country-driven reform agendas and tailor-made support programs.

 

All policy briefs will be subjected to internal and external peer review as part of the CRPM commitment to quality standards in policy work.

Application process
Applicants should submit a completed application form to eupolicybriefs@gmail.com by April 11, 2012. The successful applicants will be notified in mid April, 2012. The application consists of 250-300 word abstract, and a short narrative biography [max 300 words].

 

Podcast of the Regional Conference “Achieving social and economic sustainability through energy efficency on central and local level”

 

Live stream from the Regional conference for “Achieving social and sconomic sustainability through energy efficency on central and local level”

Tune in…

 

Programme for the conference “Achieving social and economic sustainability through energy efficiency on central and local level”

The Center for Research and Policy Making invites you to the Regional conference “Achieving social and economic sustainability through energy efficiency on central and local level” The conference will be held on the 20th of March in Hotel Continental, starting at 09:00 am. The conference aims to discuss the issues of energy efficient local communities and energy poverty. You can information about the project, the conference agenda and biographies of the speakers on the following link.

http://www.scribd.com/doc/85859205/Conference-Programme